Saturday, October 25, 2014
There is no translation available, please select a different language. Македонски . . .   

ЦД РОМ - База на податоци на стока според ХС и Коментар на ХС

file_20.jpgОвој ЦД-РОМ со Хармонизиран Систем на имиња и шифрирани ознаки на стоката и со Коментарот на Хармонизираниот Систем, со неговиот нов интерфејс и дизајн лесен за користење, е најобемната база на податоци било кога создадена за да ви помогне точно да ја распоредите стоката за царински или статистички цели.
Тој содржи:
- Обемна листа на производи и стока со нивни 6-цифрени ХС тар.броеви (околу 200 000 повикувања).
- Коментарот на Хармонизираниот Систем  четврто издание -2007.
- Мислења за распоредување.
- Опис на измените на ХС имплементирани од 2007.
- Корелациони табели помеѓу ХС верзиите од 2002 и 2007
Овој ЦД-РОМ е достапен како верзија за еден корисник и за мрежна верзија (20 корисници).

Во цената се вклучени и сите дополнителни измени до 2012 (2 ажурирања годишно). За секоја дополнителна измена, ќе ви биде испратен нов ЦД-РОМ или ќе можете да извршите ажурирање преку интернет.
Препорачан хардвер за овој ЦД-РОМ: Минимум 150 MB слободен простор на дискот. Ги подржува следниве оперативни системи: - Windows 98 SE-Windows NT 4.0 SP8-Windows 2000 SP4 (или понов)-Windows XP SP2 (или понов)-Windows Server 2003. Дополнителни софтверски компоненти: - Microsoft Jet 4 SP8 (или понов)-Microsoft MDAC 2.8 (или понов)-Visual Basic 6 Runtime (или понов).
Двојазично (Англиски / Француски)